Прва победа за Јончевски со Суботица, па честитка од Душан Ивковиќ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
20/11/2017 12:12
Кошарка
20/11/2017 11:26
Кошарка
20/11/2017 10:23
Фудбал
19/11/2017 21:29

Прва победа за Јончевски со Суботица, па честитка од Душан Ивковиќ

Прва победа за Јончевски со Суботица, па честитка од Душан Ивковиќ

Поранешниот стратег на МЗТ Скопје, Александар Јончевски, ја забележа својата прва победа во српската Супер-лига откако со тимот на Суботица триумфираше над Борац Чачак со резултат 75-68. Суботица без поголеми амбиции влезе во највисокиот ранг на натпреварување, па секој триумф важи за голем успех за македонскиот стратег.

Како клучна се покажа последната четвртина, во која избраниците на Јончевски одиграа фантастично во нападот, постигнувајќи дури 32 поени (32-25).

Специјален гостин на овој натпревар на тимот на Суботица беше легендарниот српски тренер Душан Ивковиќ, кој по мечот им честиташе на кошаркарите и на Јончевски на премиерната победа во Супер-лигата.

Следен предизвик за македонскиот стручњак ќе биде пресметката со Партизан, што Суботица повторно ќе ја игра на домашен терен.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.