Радески: Не летаме во облаци, знаеме дека има уште 90 минути за игра

Фудбалерите на Шкендија одиграа извонредно на првиот натпревар со Хелсинки, па со предност од 3-1 ќе патуваат на реваншот во Финска што ќе се игра в четврток. Без оглед на солидната предност, тетовските „црвено-црни“ се свесни дека нема простор за еуфорија бидејќи Хелсинки може да биде многу опасен на домашен терен.

Со максимална посветеност тренираме во пресрет на реваншот против Хелсинки. Без оглед на победата од 3-1 и нашата добра игра, ние не летаме во облаци, свесни дека сме на половина пат. Знаеме дека има уште 90 минути за игра, сакаме и во Хелсинки да одиграме во ист ритам како и во Струмица. Домаќините сигурно нема да се предадат, ќе се обидат да создадат што повеќе шанси, но ние ќе дадеме се од себе на теренот за да стигнеме до резултат што ќе не однесе во третата квалификациска рунда за Лигата на Европа“ – изјави Марјан Радески.

Шкендија во текот на утрешниот ден ќе отпатува за Хелсинки, каде во 18 часот ќе го одржи и тренингот на „Телиа 5Г – Арена“ во финскиот главен град.

Се вчитува...