Се надеваа Ливерпул, Арсенал и Барса, ама Баерн Минхен ќе го ’лапне’ Горецка

Германскиот репрезентативец Леон Горецка, кој е член на бундеслигашот Шалке 04, е еден од најбараните фудбалери во пресрет на зимскиот преоден рок. Покрај неговата младост и одличните квалитети, во прилог му оди и фактот дека има само уште шест месеци од актуелниот договор со тимот од Гелзенкирхен. Токму затоа, за него се интересираат голем број европски клубови, а најзагреани се Ливерпул, Арсенал и Барселона.

Сепак, германскиот првак Баерн Минхен не дозволува најдоброто од оваа земја така лесно да замине во странство. Според информациите на „Билд“, раководството на Баерн Минхен веќе го договорило трансферот на Леон Горецка на „Алијанц арена“ по завршувањето на сезоната. Тоа значи дека тој ќе пристигне без отштета, а ќе добие висока годишна плата од баварскиот клуб.

Се вчитува...