ШОК: Торес падна на глава и остана без свест (видео)

Атлетико Мадрид ремизираше 1-1 на гостувањето со Ла Коруња, но мислите на Диего Симеоне и неговите избраници во финишот не беа кон играта, туку кон Фернандо Торес по страшната повреда што голгетерот ја заработи во завршницата од оваа средба.

Торес по еден воздушен дуел пред сопствениот шеснаесетник падна лошо на глава. Веднаш стана јасно дека повредата е многу сериозна откако голгетерот остана да лежи неподвижен, дел од фудбалерите кои беа најблизу веднаш се „заледија“ шокирани, но за среќа имаше и поприсебни, па дел од нив веднаш помогнаа Торес да не си го голтне јазикот, во тие дваесетина секунди додека лекарските екипи на двата тима не пристигнаа до екс-репрезентативецот на Шпанија.

На лицата на фудбалерите на двете екипи беше очигледен шокот од немилата сцена, доказ дека повредата е сериозна, а Торес по дадената прва помош на теренот веднаш со амбулантно возило беше пренесен во најблиската болница.

Се вчитува...