Шок во Шведска: Ова е најголем СРАМ на еден наш првак во историјата

Швеѓаните дури и по ремито на првиот меч беа убедени дека Малме ќе се пласира во следната рунда, па затоа огромен е шокот што првакот на оваа скандинавска држава капитулираше во Струмица пред налетите на Вардар.

Оценувајќи ја играта на Малме како катастрофална, шведските медиуми посочуваат дека ова е најголемо фијаско на еден шведски првак во квалификациите за ЛШ во историјата на фудбалот на оваа држава.

Во 2005 година Вардар последен пат имаше победено противник во европски натпревар. Истата таа година Малме загуби од швајцарски Тун, меч оквалификуван како најголемо фијаско на шведски првак во историјата на ЛШ, полошо и од поразот на Гетеборг од Легија во 1995, како и од оној на Дјургарден од Ружомберок во 2006 година. Ова е поголемо фијаско дури и од она со Тун, бидејќи Малме паѓа на првата пречка од тим што дури и не играше на својот домашен терен и што нема пласман понатаму во европските купови цели 12 години. Срамота е и некој ќе треба да ја плати цената за ова фијаско“ – пишуваат шведските медиуми.

Се вчитува...