ВТОРА ЛИГА - ИСТОК: Беласица со шест гола ја „расплака“ Плачковица! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Беласица со шест гола ја „расплака“ Плачковица!

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Беласица со шест гола ја „расплака“ Плачковица!

Струмичка Беласица повторно се зацврсти со предност на врвот од табелата во Втората лига – Исток, откако во 10. коло пред своите навивачи убедливо со 6-0 славеше против Плачковица. На тој начин, струмичани го искористија и ремито на Брегалница во Валандово, за зацврстувањето на врвот од табелата.

Беласица победата ја најави уште во 12. минута со голот на Митевски, а до полувремето веќе беше 2-0 со погодокот на Крсте Тодоров во 39. минута. Во второто полувреме погодија и Серафимовски, Ташев, Сулев и Јордан Серафимовски.

Belasica - Plackovica 7

Брегалница, пак, не успеа да стигне до победата на гостувањето против Победа во Валандово играјќи 1-1. Горан Здравков во 60. минута донесе водство за штипјани, но домашните израмнија со голот на Владимир Жоглев во 74. минута.

Борец повеќе од убедливо со 3-0 славеше против Каменица Саса. Стрелци на головите за Борец Велес беа Пановски во 3. минута, како и Андреј Кудијан во 14. и во 29. минута.

Тиквеш убедливо со 0-4 славеше на гостувањето против Осогово во Кочани.

РЕЗУЛТАТИ – 10. КОЛО

Борец – Каменица Саса 3-0

Победа Валандово – Брегалница 1-1

Беласица – Плачковица 6-0

Осогово – Тиквеш 0-4

Кожув (слободен)

ТАБЕЛА: Беласица 23 бода, Брегалница(-1) 19, Борец 17, Кожуф(-1) 16, Тиквеш 12, Плачковица 12, Саса 8, Победа Валандово 8, Осогово 7 бода.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.