Здравковски дебитираше за АЕЛ Лимасол во триумфот над Олимпијакос!

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Давор Здравковски дебитираше во кипарскиот шампионат во дресот на АЕЛ Лимасол.

Во 9. коло од Првата лига на Кипар, 19-годишниот Здравковски ги одигра последните 30 минути во триумфот на АЕЛ против Олимпијакос од 3-0. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 63. минута на местото на Португалецот Леандро Силва.

АЕЛ Лимасол по девет кола е на шесттата позиција на табелата со 13 бода, шест помалку од водечките Анортозис и АЕК Ларнака.

Се вчитува...