Страшна повреда на Алеиш Видал (ВИДЕО)

Барселона убедливо го совлада Алавес на гостински терен со 0-6, но го загуби десниот бек Алеиш Видал, кој во 87.минута од средбата се здоби со сериозна повреда. Тео Ернандез имаше груб старт над Видал, по што беше јасно воочливо дека тој се здоби со сериозна повреда на десниот скочен зглоб. Веднаш беше префрлен во болница, а речиси сигурно се работи за фрактура и тој ќе мора да паузира до крајот на сезоната.

Се вчитува...