Милан не запира – Андреа Конти е седмо засилување на „росонерите“

Милан ја надмина сумата од 150 милиони евра вложени во нови фудбалери откако денеска го комплетираше трансферот на седмото летно засилување. Станува збор за Андреа Конти, 23-годишен десен бек кој имаше импресивна сезона во дресот на Аталанта. Ангажманот на Конти беше посочен како еден од приоритетите на тренерот Монтела, раководството на Аталанта долго време одолеваше на понудите, за на крајот на инсистирање на самиот фудбалер да прифати 24 милиони евра.

Конти, кој последните денови ги мина во Милано, веднаш потпиша петгодишен договор со „росонерите“, при што во првата сезона неговата плата ќе изнесува два милиони евра. Инаку, Андреа Конти минатата сезона учествуваше во 13 погодоци на Аталанта (осум гола, пет асистенции), што беше рекорд меѓу дефанзивците во Топ 5 лигите на Европа.

Десниот бек на Аталанта е седмото засилување на Милан летово, откако претходно беа доведени Мусакио (Вилјареал), Кеси (Аталанта), Борини (Сандерленд), Андре Силва (Порто), Чалханоглу (Баер Леверкузен) и Рикардо Родригез (Волфсбург).

Се вчитува...