Потврдено: Бернардески во Јуве за 40 милиони евра!

Се е решено, Федерико Бернардески се сели во Јувентус за 40 милиони евра, плус бонуси, потврдија медиумите од Италија. Двата клубови постигнаа договор утринава, па сега останува само да се средат административните работи, како и процесот на медицински прегледи. Бернардески ќе стави потпис на петгодишен договор, а ќе заработува четири милиони евра по сезона.

Долгоочекуваниот ангажман за новата „10-ка“ е во завршна фаза, а навивачите на Јуве конечно можат да ги смират страстите, откако беа сведоци на неколку изненадувања последниве денови.

За шампионот на Италија ова е седмо засилување летово. Даглас Коста, Родриго Бентанкур, Хуан Куадрадо, Мехди Бенатија, Војчех Шчешни и од вчера новиот член на „дамата“, Матија Де Шиљо се фудбалерите кои ќе го носат клубот кон нови успеси.

 

Се вчитува...