Вашингтон изненаден од Јута, славје на Хјустон и без Харден

Кошаркарите на Вашингтон во својата „Капитол арена“ доживеаја пораз од Јута од 104-107 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата. Далас, пак, славеше на незгодното гостување против Шарлот со 111-115.

Рики Рубио ја предводеше Јута до победата во Вашингтон со 21 поен, а Џо Џонсон од клупата постигна 16 поени. На спротивната страна Џон Вол беше одличен со 35 поени и 11 асистенции.

Харисон Барнс, пак, за Далас броеше до 25 поени, додека Кемба Вокер на спротивната страна имаше дури 41 поен, но не помогна за спас на Шарлот.

Горан Драгиќ беше најефикасен со 20 поени во победата на Мајами против Индијана од 106-114, додека Хјустон и без Џејмс Харден стигна до триумф против Портланд од 121-112.

Хјустон одигра одличен меч, во кој неверојатен беше Крис Пол со 37 поени и 11 асистенции, додека Ерик Гордон запиша 33 поени. Преку нив двајца недостатокот на Харден не се почувствува.

Во останататите синоќешни мечеви, Бруклин загуби од Детроит со 80-114, Њујорк беше поразен од Чикаго со 119-122, Мемфис го совлада Њу Орлеанс со 105-102, Милвоки беше подобар од Орландо со 110-103, Минесота ја победи Оклахома со 104-88 и Атланта славеше на гостувањето против Денвер со 97-110.

Се вчитува...