392 дена – толку траеше агонијата на Фетел која конечно заврши во Сингапур

Повеќе од една година или точно 392 дена, Себастијан Фетел немаше победа во Формула 1 шампионатот. Конечно заврши „постот“ откако благодарение на тимската тактика на Ферари, Германецот славеше на трката за Големата награда на Сингапур. За четирикратниот шампион ова беше 53. победа во кариерата по 22 трки беа подиум и незавршеното натпреварување во Монца пред две недели.

По успехот на Марина Беј, Фетел им се заблагодари на пријателите и на поддржувачите кои му испраќале пораки на социјалните мрежи, некои дури и му пишувале писма.

„Уште добивам класична пошта и писма, за некого тоа веројатно е чудно во денешно време во ерата на социјалните медиуми. Некои се само кратки пораки, други се рачно пишувани писма. Луѓето навистина се трудат. Кога имам време навечер ги читам, навистина се охрабрувачки“ – изјави германскиот пилот на Ферари.

Се вчитува...