„Бед Блу Бојс имаа план да го убијат Пикси“

Големите инциденти што се случија на дуелот Динамо Загреб – Црвена Звезда се уште се актуелни на балканската спортска сцена, особено откако еден од полицајците обелодени дека приврзаниците на хрватскиот гигант имале пеколен план – да го убијат капитенот на Црвена Звезда, Драган Стојковиќ – Пикси.

„Успеавме да ги притиснеме членовите на Бед Блу Бојс кои втрчаа на терен од северната трибина. Ги прашувавме што ги натера да дивеат така, по што ни кажаа дека имаат план да го убијат Пикси. Сите го говореа истото, дека имаат наредба да го ликвидираат Драган Стојковиќ. Наскоро дојде до промена на власта, се сменија и полициските управи, па никој потоа не инсистираше да се открие кој го нарачал ликвидирањето на фудбалерот“, истакна Рефик Ахметовиќ, поранешен полицаец кој сега како пензионер живее во Сараево.

Тој е полицаецот што беше нападнат од Звонимир Бобан, открива и дека слободно можел да ја застрела фудбалската „ѕвезда“ за напад на службено лице.

„Колегите ми зборуваа да пукам, имам овластувања за такво нешто. Не сакав, забележав дека се е режирано. Сигурен сум дека ќе имаше мртви ако натпреварот продолжеше“, вели Ахметовиќ.

Се вчитува...