44 поени на Јокиќ не беа доволни за победа на Денвер, Харден броеше до 55

Сакраменто го најде решението за Денвер и му го нанесе четвртиот пораз во сезоната триумфирајќи со 123-128 на гостувањето во Колорадо и покрај монструозната партија на Никола Јокиќ.

Српскиот центар натпреварот го заврши со 44 постигнати поени на кои додаде и 13 скокови и седум асистенции. На спротивната страна се истакна Шродер со 21 поен.

Неверојатен блесок имаше и Џејмс Харден кој со 55 постигнати поени го предводеше ЛА Клиперс до триумф од 116-131 на гостувањето кај Шарлот.

Американецот додаде и седум асистенции и три скокови, додека во противничкиот табор Кнуепл броеше до 26 постиганти поени.

Во останатите натпревари:

Орландо – Њујорк 133-121
Њу Орлеанс – Атланта 98-115
Чикаго – Вашингтон 121-120
Милвоки – Детроит 116-129
Далас – Мемфис 96-102

Се вчитува...