Рафаел Надал на крајно доминантен начин, тотално демолирајќи го Австриецот Доминик Тим стигна до неверојатниот 11-ти свој трофеј на Ролан Гарос во Париз.
Шпанскиот тенисер за два часа и 40 минути во три сета го совлада Тим со 6-4, 6-3, 6-2, и на тој начин станувајќи само вториот тенисер или тенисерка во историјата на овој спорт на кого му пошло од рака да стигне до 11-та титула на еден Гранслем турнир. Претходно тоа и успеало само на Маргарет Корт на Австралија Опен.
Надал без апсолутно никакви проблеми стигна до седмата победа во десеттиот меч против Тим, на кого ова му бше прво Гранслем финале. Иако во последната меѓусебна пресметка во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид победи Австриецот сега Рафаел Надал и тоа како му се реваншираше за нова своја титула на Ролан Гарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА