Олстар викендот почна со триумф на САД, Кузма МВП

Првата вечер од НБА викедот мина во знакот на американските  млади кошаркари, кои славеа над тимот на „остатокот од светот“ со 161-144.

Вообичаено, мечот изобилуваше со атрактивни потези во нападот, а американските кошаркари го контролираа резултатот, доминираа на теренот и заслужено стигнаа до победата. За МВП на натпреварот беше избран асот на ЛА лејкерс, Кајл Кузма, кој постигна 35 поени.

Во таборот на „Светот“ најефикасен беше Бен Симонс со 28 поени, Богдан Богдановиќ реализираше 15 поени, а Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 13 поени и девет асистенции.

 

Се вчитува...