Јунајтед го продава Рашфорд, но никој не сака да плати она што „ѓаволите“ го бараат

Манчестер Јунајтед подготвува ремонт во играчкиот кадар во текот на летово, а меѓу најплатените фудбалери кои се ставени на трансфер-листа се наоѓа и Маркус Рашфорд. Англискиот репрезентативец играше во неверојатна форма ланската сезона, но годинава е далеку под тоа ниво.

Незаинтересираноста додека се наоѓа на теренот придонесе Рашфорд да го загуби првотимскиот статус кај Тен Хаг, што негативно се одразува и врз неговата цена на пазарот. Ако Јунајтед минатото лето одби понуда од 100 милиони евра од Саудиска Арабија, сега цената е значително помала. Англиските медиуми информираат дека „црвените ѓаволи“ бараат 70 милиони евра за Рашфорд, но брзо им станало јасно дека ниту еден од заинтересираните клубови нема намера да плати толкава сума за голгетер што е далеку од посакуваната форма.

ПСЖ во минатото се интересираше за овој напаѓач, но „светците“ се подготвени да платат над 100 милиони евра за Осимен од Наполи, не сакајќи да ризикуваат со Рашфорд. Слична е ситуацијата и со клубовите од Саудиска Арабија, кои немаат намера да трошат богатство на засилувања со проблематичен карактер, па воопшто и не покажуваат интерес за Рашфорд. Арапите се во контакт со Јунајтед за Кашемиро, планираат како слободен играч да го доведат и Рафаел Варан, но кога станува збор за Рашфорд, јасно е ставено до знаење дека тој нема да биде тема на интерес за клубовите од Саудиска Арабија во летниот преоден рок.

Се вчитува...