Ајакс знае како се слави титула – фешта пред 100.000 луѓе во Амстердам (видео)

Ајакс по пауза од пет години стигна до шампионската титула во Холандија, вкупно 34. во историјата на овој гигант во домашното првенство. Колку овој трофеј им значи на фановите најдобар доказ е фактот дека над 100.000 луѓе се собраа на прославата на титулата, за последен момент да ги видат на едно место Де Јонг, Де Лихт, Тадиќ, Зијеш и останатите „ѕвезди“ на Ајакс, кои им донесоа бројни моменти на радост во текот на сезоната.

Се вчитува...