Телото на ФИФА кое се грижи околу фудбалските правила и промената на истите, ќе се сретне следната седмица во Белфаст како би ја разгледале евентуалната промена во користењето на ВАР технологијата.
Иако е неспорно дека ВАР ја поправи точноста на судиските одлуки, сепак таа внесе и голем број расправи околу нејзиното користење. Најголемата дебата се води во Премиер-лигата, во која има многу противници на воведувањето на истата. Судиите не знаат точно да го користат, а најмногу се жалат навивачите кои сметаат дека ВАР го уби духот на фудбалот.
„Ова е нова технологија на која сите се уште се навикнуваме. Ќе ги разгледаме сите предлози и податоци кои ги собравме од досегашното користење и ќе одлучиме дали можеме нешто да направиме да сите бидат задоволни од ВАР“, изјави претседателот на ИФАБ, Патрик Нелсон.
Видеотехнологијата во моментов се користи во 25 земји во светот, а најдалеку отидоа Германците кои го воведоа ВАР и во втората лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА