Ракометарите се комплетираа: Митревски и Талески се приклучија на репрезентацијата

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред бараж двомечот со Фарскси острови на кој нашите ракометари ќе се обидат да стигнат до нова мундијалска виза и да го задржат континуитетот од настапи на големите натпреварувања.

Со стигањето на Филип Талески и Никола Митревски кои вчера го играа дербито на португалскиот ракомет, нашата репрезентација во комплетен состав ќе ги продолжи подготовките за првиот меч против Фараните.

Се вчитува...