Жикица Тасевски и неговите „лавови“ извонредно ја стартуваа новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, по осум кола еднакво одржувајќи ритам на врвот заедно со екипите на Шкендија и Шкупи кои очигледно ќе ја водат шампионската трка.
Македонија ЃП го има убедливо најдобриот свој прволигашки старт на сезона со 16 бода од осум натпревари (пет победи, едно реми и два порази) во последните 12 година, од онаа шампионска сезона 2008/2009, кога „лавовите“ стигнаа до круната во Првата лига.
Предводени од Тасевски, фудбалерите на Македонија ЃП и денеска одиграа одличен натпревар славејќи со 2-0 против Струга ТЛ.
На натпреварот со гол се збогуваше од црвено-жолтиот дрес и младиот Сефер Емини, кој кариерата ќе ја продолжи во руската Втора лига, во тимот на Акрон Тољати. Вториот гол, пак, беше дело на Басит Абдул Калид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА