Преодниот рок заврши, но овие асови се уште се слободни за потпис

Преодниот рок за речиси сите лиги од европската елита истече синоќа, но на пазарот останаа достапни фудбалери кои можат да потпишат и во наредните денови. Станува збор за играчи без договор кои што можат да потпишат со слободен трансфер и да ги засилуват новите клубови надвор од пропишаните преодни рокови.

На листата на слободни играчи има врвни асови како Марио Геце, кој може да бира нов клуб без никаква отштета по заминувањето од Борусија Дортмунд. Тука е и Марио Манџукиќ, кој по кратката авантура во Катар е подготвен да се врати во европскиот фудбал, неодамна му пропадна трансферот во Локомотв Москва, но се очекува Хрватот што поскоро да потпише договор со нов клуб.

Тука се и понрашените фудбалери на Ливерпул, Даниел Стариџ и Натаниел Клајн, потоа екс-капитенот на Манчестер Јунајтед, Шинџи Кагава, како и Алехандре Пато, кој беше најавуван како партнер на Горан Пандев во дресот на Џенова, но и од тој трансфер на крајот не излезе ништо. На листата се и Велбек, Вилшир, Борини, Бен Арфа, Кагава… и уште голем број на фудбалери, кои сигурно во блиска иднина ќе најдат нов клуб низ елитните лиги во Европа.

Се вчитува...