Хет-трик на Левандовски за пресврт победа на Барселона

Барселона им се врати на победите во Ла Лига откако во дербито на 33. коло славеше против Валенсија со 4-2 по целосен пресврт предводен од Роберт Левандовски кој постигна три голови во второто полувреме од кои еден кој долго ќе се врти по најавните шпици.

Барселона прва поведе преку Лопез кој во 22. минута одлично го искористи нафрлувањето на Рафиња во шестнаесетникот, но водството на Барселона траеше само пет минтуи. Во 27. минута Дуро го искористи поколонот од Тер Штеген за 1-1, а 11. минути подоцна гостите стигнаа и до целосен пресврт со голот од белата точка на Пепелу.

Каталонците успеаја да изедначат уште на самото отварање на второто полувреме преку Левандовски кој погоди по корнер, а Полјакот ја продолжи голеадата до самиот крај на второто полувреме. Во 82. минута одново ја затресе мрежата со глава од шестнаестникот, а во 93. минута го крунисаше хет-трикот со фантастично изведен слободен удар.

Се вчитува...