Половина Манчестер јунајтед се сели во Саудиска Арабија

Англиските медиуми пренесуваат дека на „Олд Трафорд“ се подготвува големо летно „проветрување“ на тимот.

Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од неколку скапи фудбалери, а идеални купувачи се клубовите од Саудиска Арабија. Како што пишуваат на Островот, Рафаел Варан и Арон Ван Бисака се најблиску до Ал Наср, клубот во кој игра легендата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо.

За Французинот е заинтересиран и Ал Итихад, додека Касемиро наводно е најблиску до Ал Хилал, клубот во кој играат, Нејмар, Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Се вчитува...