Ниту Клептон не успеа да го спаси: Позната приказната која долго се чуваше како тајна

Смртта на Диего Армандо Марадона на површина извади и приказна која семејството долго ја чувало како тајна, не сакајќи да се појави во јавноста.

Легендарниот британски музичар Ерик Клептон му понудил на Марадона на Карибите да се лечи од зависност од дрога. Најпрво Аргентинецот, по крајно влошена здравствена состојба, се лекувал во Куба, но тоа ниту најмалку не помогнало.

Па, аргентински новинари успеале да го поврзат Марадона со Ерик Клептон кој бил подготвен целосно да го среди неговото лекување во најдобрата клиника на Карабите. Клептон на островот Антигва основал клинички центар уште во 1998 година, па им порачал на најблиските на Марадона дека тој нема да плати ниту едно евро за третманот кој мора да биде во дванаесет фази.

По неколку контакти на двајцата, на крајот Марадона се согласил од Куба да се префрли на лекување на Карабите. Но, и наспроти радоста на неговите најблиски дека конечно ќе има вистински третман, на крајот Диего сепак останал во Куба. Клептон, пак, остана разочаран што не успеа да му помогне на најголемата фудбалска икона во историјата.

Се вчитува...