Аргентинската телевизија „Америка“ ја објави последната порака која Диего Марадона ја испратил само неколку часа пред смртта на 25. ноември. Се работи за аудио-порака, последно обраќање во животот на Марадона, и тоа кон човекот кој е во сериозна врска со неговата поранешна девојка Вероника Оједа.
Вероника е мајка на најмалото дете на Марадона, седумгодишниот Диего Фернандо – Диегуето.
Марадона непосредно пред смртта му се обрати на Марио Баудру, членот на кабинетот на министерот за безбедност на Буенос Аирес.
„Здраво Марио. Јас сум Диего. Знам дека ова ќе ти звучи неверојатно, но Веро и јас сме во добри односи и ми кажа дека е со тебе. Чувај ја, и посебно чувај го мојот ангел Диегуето, кој не можам да го споредам со никого друг. Гледај, јас имам многу деца, но поради него ќе издржам до крај“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА