Гвардиола повторно ќе земе одмор од фудбалот!

Пеп Гвардиола ќе остане уште две сезони на чело на Манчестер Сити, но каталонскиот стратег потоа ќе земе одмор од фудбалот, со цел да ги наполни батериите пред новите предизвици во кариерата.

Трофејниот стручњак лани потпиша нов договор со „граѓаните“ со кој ќе остане во Манчестер до 2023 година, а Гвардиола јасно стави до знаење дека нема намера да ја продолжи верноста кон клубот со кој освои се што можеше да се освои на англиската фудбалска сцена.

„Мислам дека е доволно. Седум години во еден клуб, ќе ми биде потребен одмор за да ми се избистри главата и да почнам нешто ново од почеток. Ќе застанам, ќе разгледам нешто и од работата на другите тренери, нешто што би ми било корисно во иднина“, изјави Гвардиола, кој се реши на сличен потег и кога си замина од Барселона.

Тој со голем успех ги водеше Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, а следен зацртан план му е да се испроба и во репрезентативниот фудбал.

„Да се биде селектор секако е предизвик за секој тренер, така и за мене. Желба ми е да водам репрезентација на европско и на светско првенство, зошто да не и на Копа Америка“, прокоментира Пеп Гвардиола.

Се вчитува...