Тоа е фудбалот. Ќе кажат многумина кои ја следат најважната споредна работа на светот. Откако Канада не успеа да погоди од пенал, Белгија заминува на полувреме со предност.
За потсетување дека Дејвис во 10. минута не реализираше удар од белата точка, откако неговиот удар го одбрани Куртоа. Неверојатно е тоа што Канада цело време играше, имаше неколку супер шанси, но откако не успеа, по својата прва посериозна шанса Белгија дојде до водство.
Батшуаи се најде на вистинско место во вистинско време и успеа да реализира, практично да ги казни Канаѓаните и нивното неискуство на Мундијалите.
Во втората минута од судиското надополнување нова супер шанса за Канада, но не успеа да дојде до израмнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА