АБА го одби МЗТ Скопје – казната останува на сила!

МЗТ Скопје ќе мора да плати 15.001 евро и да игра еден натпревар пред празни трибини, откако Комисијата за Апелација при АБА2 лигата ја отфрли жалбата на македонскиот првак. „Металците“ ја посочија изречената казна како ригорозна, сметајќи дека со прекинот не била загрозена сигурноста на актерите на мечот.

Сепак, на официјалната веб-страница на регионалното натпреварување денеска е објавено дека Комисијата за Апелација само ја потврдило одлуката на „дисциплинецот“ Саша Павличиќ – Бекиќ.

„Поради недоволна организација на мечот од 16. коло во АБА2 меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Сутјеска, одигран на 15 јануари, МЗТ Скопје е казнет со еден натпревар како домаќин пред празни трибини и парична казна од 15.001 евро. Комисијата за Апелација составена од претседателот Боштјан Коритник, Крунослав Штенгл и Милован Звијер едногласно ја потврди одлуката на Саша Павличич – Бекиќ“, се вели во соопштението на АБА-лигата.

Се вчитува...