АБА2 разигрување: МЗТ Скопје против незгодниот Младост, Работнички против „фенерџијата“ Хелиос (ВИДЕО)

Со натпреварот помеѓу Струдентски Центар и Подгорица, кој му припадна на фаворизираниот лидер на табелата, беше комплетиран регуларниот дел од АБА 2 лигата по кој македонските претставници МЗТ Скопје и Работнички ги добија своите противници во разгирувањето за титула, односно борбата за опстанок.

МЗТ Скопје патот до првиот ранг на АБА лигата го започнува од петото место на табелата и меч против незгодниот Младост кој регуларниот дел го заврши како четвртопласиран. Првиот дуел помеѓу нашиот актуелен шампион и српскиот претставник оваа сезона заврши со победа на составот од Земун (82-75), натпревар во кој „сино-белите“ настапија во полн состав.

На аеродромци нема да им биде воопшто лесно против Младост кој покажа разноврсност во својата игра, поготово со фактот дека „сино-белите“ се со скратена клупа по повредите на Гравет и Олуџоби. Согласно со тоа и густиот распоред кој следува останува да видиме дали тимот од Аеродром ќе ги замени Американците со нови засилувања.

Доколку избраниците на Радуловиќ ја поминат првата пречка им престои полуфинале со подобриот од двомечот помеѓу Студетски Центар и Слобода Ужице.

За разлика од „штрковите“, нашиот најтрофеен клуб во првата сезона на „Јадранот“ ќе се бори за опстанок во регионалното првенство. Работнички регуларниот дел ќе го заврши на 11. позиција со скор од 5-8, а тоа значи дуел против „фенерџијата“ Хелиос Санс (1-12).

„Црвено-белите“ на овој меч ја имаат фаворитската улога, но избраниците на Мираковски мораат да бидат претпазливи против словенскиот тим, кој и покрај тоа што има само една победа, оваа сезона одигра неколку натпревари на една топка, а така беше и против Работнички.

Слично како и аеродромци, „црвено-белите“ ќе мораат да се засилат за престојниот дел од превенството со оглед на повредите на Балмазовиќ и Николовски пред „балонот“ во Златибор, па останува да видиме кој ќе пристигне во скопски центар.

Работнички во моментот го има исполнето бројот на странци во своите редови, а главниот проблем се Македонците. Квалитетните кошаркари кои можат да се спротивстават на АБА2 квалитетот во мометот се под договори со своите клубови па јасно е дека ни претстои интересен период во мак-баскетот.

Сеуште не се знае кога и каде точно ќе се одиграат мечевите. Првичните информации велат дека градот домаќин ќе биде Подгорица, а натпреварите ќе бидат одиграни од 12. или 19. април.

 

Се вчитува...