Абдула поцрвене, Шкупи уште во втора минута со играч помалку против Балкани

Македонскиот фудбалски шампион му гостува на косовски Балкани во реваншот од плеј-оф фазата во најмладото европско фудбалско клупско натпреварување, Конференциската лига.

Натпреварот во Приштина почна катастрофално за нашиот шампион кој има мисија да ја анулира негативата од 1-2 по првиот меч.

Дефанзивецот на чаирачани, Џелил Абдула доби директен црвен картон уште во втората минута, со што ги остави своите соиграчи на цедило.

 

Се вчитува...