Адеми: Динамо е веќе вистинска европска екипа…

По убедливата победа против Фенербахче од 4-1 на стартот од Лигата на Европа, Динамо Загреб синоќа стигна и до втората победа во групната фаза славејќи во 2. коло на гостувањето против Андерлехт со 0-2.

„Модрите“ сега имаат шест бода, па се на вистински пат по дури 50 години да успеат да презимат во Европа. Задоволството од триумфот во Белгија не го крие и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој порача дека Динамо веќе е вистинска европска екипа…

„Навистина сме добри, бевме одлични од првата минута, покажавме дека сме вистинска европска екипа и заслужено победивме. Покажавме карактер и потврдивме дека триумфот над Фенербахче не беше случајност“ – вели Адеми и дополнува:

„Не сакаме уште од сега да размислување за Европа, не треба ништо однапред да се најавува. Најважно е на секој иден меч да бидеме добри како против Андерлехт, а сега следно не очекува Трнава која е цврста и незгодна екипа и не смее да се потцени“.

 

Се вчитува...