Адеми и Ристовски славеа во уште едно дерби во Хрватска

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со својот Динамо Загреб го чуваат врвот во хрватскиот шампионат, триумфирајќи со 2-0 против Ријека во 24. коло.

„Модрите“ до победата дојдоа со головите на Иванушец во 27. минута и Оршиќ во 67. минута.

Адеми и Ристовски го одиграа целиот натпревар за Динамо Загреб, додека во составот на Ријека поради повреда не беше Дарко Велковски.

Се вчитува...