Адеми и соиграчите од Динамо Загреб се согласија на кратење на платите

Драмата околу кратењето на платите во редовите на најдобриот хрватски клуб Динамо Загреб е речиси завршена. Епилогот е познат, фудбалерите по долги преговори и натегања, сепак, се согласиле да добиваат намалени плати за 33%, а додека трае кризата клубот да ги исплаќа по новоутврдена динамика. Како што информираат хрватските медиуми, капитенот Аријан Адеми го информирал раководството дека сите фудбалери се согласни да потпишат анекс на договорот, дел од нив тоа веќе и го сториле.

Платите на фудбалерите ќе се исплаќаат по посебна динамика. Третина од примањата ќе се исплаќа во редовните рокови, третина во рок од шест месеци од датумот на одигрувањето на следниот официјален натпревар на Динамо Загреб, а последната третина трајно нема да биде исплатена.

Фудбалерите во прв момент се противеа на ваквата одлука на раководството, потоа беше отпуштен тренерот Ненад Бјелица и целиот стручен штаб кои застанаа во одбрана на натпреврувачкиот погон, а за нов тренер ќе биде именуван Игор Јовичевиќ, досегашниот стратег на младинскиот тим на „модрите“.

Се вчитува...