Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми има сериозна повреда на бутниот мускул и нема да може да настапи за националниот тим на претстојните два меча против Гибралтар (6.септември) и против Ерменија (9.септември) во Лигата на нации. Капитенот на Динамо Загреб на дуелот со Јанг Бојс во квалификациите за ЛШ беше заменет по 32. минути игра, а по направените медицински прегледи утврдено е дека има расцепување на задниот бутен мускул (biceps femoris). Ова значи дека македонскиот репрезентативец ќе мора да паузира еден месец, а тоа го прави неизвесен и за октомврискиот циклус, мечевите против Лихтенштајн и против Ерменија на гости во Лигата на нации.
Засега селекторот Игор Ангеловски нема да повикува замена за повредениот Аријан Адеми за двата натпревари од Лига на Нации против Гибралтар и Ерменија, иако постои отворена можност тоа и да го стори во наредните неколку дена, со оглед и на состојбата на дефазивецот Дарко Велковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА