Адеми: Со гордост го носам македонскиот дрес, никогаш не зажалив за таа одлука!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во пошироко интервју за хрватски „Јутарњи“ потенцира дека со гордост го носи македонскиот дрес. Нескриено нагласува дека, по сиот овој изминат период сега кога може да сумира впечаток, воопшто не жали за одлуката да ја прифати поканата за настап за Македонија, земјата со која, како што вели, има многу длабоки врски….

„Моите врски со Македонија се големи и силни. Почнувајќи од семејните приказни па се до денес кога со гордот го носат репрезентативниот дрес на земјата на своите предци. Кога ја одбрав Македонија за репрезентација бев свесен што носи мојот избор и дека повеќе нема назад. А, сега по овој изминат период од таа одлука може да кажам дека воопшто не жалам. Секогаш со радост и среќен одам на собирите на репрезентацијата во Скопје“.

Изминатово лето за Адеми се пишуваше дека го очеква преселба во француски Лил за трансфер од 6,5 милиони евра. Но, не се случи тоа…

„Се и сешто се пишуваше, но не би сакал за деталите. Имаше понуди, но на крајот клубот е тој што последен одлучи затоа што сум под договор. Мене ми е чест што сум во фокусот на такви клубот од така силни лиги, што на некој начин е признание за се она што го минав во кариерата. И останав во Загреб, и по се што се случува со Динамо и одличните настапи во Лигата на Европа би бил будала ако кажам дека жалам што не заминав. Понуди ќе има повторно, но за мене Динамо е пред сите по онаа поддршка која ја добив од клубот во најтешкиот период од мојот живот“ – вели Адеми, кој сега сака да остави се зад себе по онаа допинг афера.

„Тоа што го минав не би му го посакал ниту на најголемиот непријател. Тешко е да се опишат миговите кога целиот свет ви се руши а вие сте немоќен и покрај тоа што сте милијарда посто убедени во својата невиност. Многу прашања, а одговори ниту еден. Суспензијата од две години ми дојде во најдобрите играчки години. Но, издржав по сето тоа, благодарение и на клубот и на сите луѓе во него, благодарение и на пријателите, благодарение и на соиграчите и од тимот и од репрезентацијата на Македонија и благодарение и на медиумите од кои имав максимална поддршка. Тоа никогаш нема да го заборавам, и за што сум навистина благодарен“ – вели Адеми.

Се вчитува...