ВИДЕО: Адетунџи донесе водство за Шкупи, Балкани брзо израмни

Два брзи гола на Националната Арена „Тодор Проески“. Шкупи дојде до предност во 18. минута, но во 22. минута Балкани успеа да израмни.

Предност од 1-0 во 18. минута ја донесе Адетунџи по нафрлувањето на Алварез. Со глава Нигериецот ја смести топката во мрежата.

Токму Адетунџи во 15. минута ја имаше и првата шанса кога неговиот удар го одбрани противничкиот голман, но оној во 18. минута не можеше.

Балкани, пак, чекаше грешка на чаирчани, и ја дочека во 22. минута. Нафрлување од левата страна, и Рахмани ја смести топката во мрежата.

Се вчитува...