Адидас по рецептот на Југопластика посвети патики за Балканот (ФОТО)

Спортот е универзален јазик, а за да се прослави кошарката и културата на различностите која неа ја соединува,  германската фирма „БСТН“ посвети и патики за Балканот со името „ќебапи и компирчиња“.

Овој пат во преден план е Југопластика, тимот кој доминираше во Европа, освојувајќи три титули во Евролигата едно по друго во 1989, 1990 и 1991 година.

Оваа колекција на „ќебапи и компирчиња“ ќе биде лимитирана со само 150 пара патики, а истите можат да бидат набавени преку лотарија.

 

 

Се вчитува...