Агире: Одбив четири понуди пред да ја прифатам таа на Валенсија

Новиот тренер на Валенсија, Хавиер Агире, откри дека одбил четири понуди од екипи пред да ја прифати таа на Валенсија за која настапува и голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски.

„Одбив четири понуди и бев среќен да поминам некое време со семејството, но кога ме повика Валенсија и реков на сопругата дека морам да одам таму. Таа го сака фудбалот повеќе од мене и беше многу возбудена поради Валенсија“, изјави Агире.

Агире со Валенсија потпиша догоров до крајот на сезоната, со можност да се продолжи соработката на уште една година.

Тој не откри од кои екипи биле понудите пред да ја прифати таа на седумкратниот шпански шампион. Хавиер Агире има големо искуство од водење на екипи во Шпанија, тој во минатото седеше на клупите на Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Еспањол, Леганес и Мајорка.

Третиот мандат на клупата на Мексико го заврши по поразот од Англија во нокаут фазата на Светкото првенство кое летово се одржа во САД, Канада и Мексико.

Се вчитува...