Агуеро ги казни промашувањата на Бурнемаут

Манчестер Сити експресно им се врати на победите во Премиер-лигата откако попладнево „граѓаните“ триумфираа со 1-3 на гостувањето против Бурнемаут.

Пеп Гвардиола имаше и многу среќа откако голманот Едерсон не доби црвен картон за груб старт надвор од шеснаесетникот. Играта мина очекувано, со голема доминација во поседот на топка од страна на „граѓаните“, но и неколку промашени шанси на домашните фудбалери.

Агуеро и Стерлинг постигнаа прекрасни погодоци за водство од 0-2, а малку надеж на Бурнемаут му даде младиот Вилсон (на позајмица од Ливерпул) со еврогол од слободен удар пред самиот крај на првото полувреме. Поискусниот Калум Вилсон потфрли кога беше најважно за домаќините промашувајќи „зицер“ при 1-2, за Агуеро со својот втор гол да ги постави конечните 1-3 на овој натпревар.

Се вчитува...