Агуеро го менува Диего Коста во Челси?

Диего Коста е подготвен за заминување од Челси по завршувањето на сезонава, а челниците на лондонскиот клуб веќе ја почнаа потрагата по негов наследник на „Стемфорд бриџ“. Високо на листата со желби на Антонио Конте се наоѓа Алваро Мората, но последните информации од „островот“ говорат дека лидерот на табелата во Премиер-лигата подготвува летна офанзива по Серхио Агуеро.

Аргентинецот не е најзадоволен од статусот што го има кај Пеп Гвардиола, неколку пати во текот на сезонава беше седнуван на клупата, а сега ја загуби и првотимската улога од Бразилецот Габриел Хесус. Продажбата на Диего Коста ќе им обезбеди на „сините“ околу 85 милиони фунти, сума што ќе им биде сосема доволна за да се договорат со Манчестер сити и да го доведат во своите редови Агуеро.

Интерес за голгетерот на „граѓаните“ веќе подолго време искажува и Реал Мадрид, а италијанските медиуми најавуваат дека газдите на Интер се подготвени да платат 80 милиони евра за да го доведат Аргентинецот како своја нова суперѕвезда во претстојниот преоден рок.

Се вчитува...