Агуеро ја мина ноќта во болница, се чекаат резултатите од прегледите

Фудбалерот на Барселона, Серхио Агуеро ја поминал ноќта во болница откако почувствувал непријатност во градите, пренесуваат шпанските медиуми. Аргентинецот на дуелот со Алавес мораше да биде заменет во 41. минута од мечот, а од стадионот бил пренесен во болница.

По дуел со противнички играч Агуеро почувствува вртоглавица по што заврши на теренот, а откако интервенираше медицинската служба аргентинскиот напаѓач беше заменет на теренот со Кутињо.

„Ми кажа дека не се чувствува добро и беше заменет. Сега дознав дека од тука заминал во болница за подетални прегледи. Не знам детали“, изјави по натпреварот Серџи Бархуан.

Според шпанските медиуми со него ноќтта ја поминале и неговата мајка, брат и девојка, а рано утрово заминале со кренати палци, сигнализирајќи дека се е до ред.

Се вчитува...