Агуеро мора да ја заврши кариерата?!

Серхио Агуеро ќе биде принуден да ја заврши предвреме својата богата фудбалска кариера, откако во изминатиот период е утврдено дека неговата состојба со срцевиот проблем е посериозна отколку што во прв момент се претпоставуваше.

Агуеро поради болки во градите мораше предвреме да го напушти дуелот со Алавес, а по првичните прегледи беше препорачано целосно мирување во времетраење од три месеци. Во меѓувреме врз аргентинскиот голгетер биле извршени дополнителни прегледи, кои утврдиле дополнителни проблеми.

Имено, аритмијата што ја има Агуеро не е бенигна и постои сериозна опасност за нејзино повторување и во наредниот период. Третманот што го препорача Доктор Жозеп Бругада ќе трае три месеци, по што ќе бидат видливи резултати, но никој не може да гарантира дека Аргентинецот нема да има сличен проблем во иднина.

Како што јавува „Радио Каталуња“, голгетерот веќе е известен дека најдобра опција е предвремено завршување на кариерата, но Агуеро ќе почека до крајот на третманот и на почетокот од 2022 година ќе ја донесе конечната одлука.

Се вчитува...