Агуеро шутна, гол-лајн технологијата потврди, Сити е повторно лидер

Манчестер Сити ја оствари 30.победа во Премиер – лигата оваа сезона, совладувајќи го минимално Барнли на гости со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Серхио Агуеро во 63.минута. Тој шутираше кон голот на домаќинот, а дека топката заврши зад гол-линијата потврди „гол-лајн“ технологијата, и тоа за само неверојатни 29 милиметри.

Манчестер Сити со овој триумф повторно се искачи на врвот на табелата во Премиер – лигата со 92 бода, еден повеќе пред Ливерпул во пресрет на последните две кола од англискиот шампионат.

 

 

Се вчитува...