Ајакс пазари од Вест Хем – кандидатот за гол на годината се сели во Амстердам?

Ајакс ќе се обиде во зимскиот трансфер рок во Амстердам да го доведе напаѓачот на Вест Хем, Себастијан Алер, кој е творец на еден од најубавите голови во сезоната. Како што пренесуваат англиските медиуми, шампионот на Холандија е подготвен да плати половина од цената која што Вест Хем ја плати за репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, кој пристигна во Лондон за 50 милиони евра.

26-годишниот напаѓач не успеа да ја пренесе добрата форма од Франкфурт на Островот. За Вест Хем одигра 48 натпревари во Премиерлигата, а притоа постигна скромни 10 гола, па сега ќе се обиде да ја врати формата со својот поранешен тренер, Ерик тен Хаг, со кој соработуваше во периодот помеѓу 2015-2017 година. Во овие две сезони, Халер на 98 одиграни натпревари за Утрехт постигна 51 гол, а додели и 16 асистенции.

Доколку Халер замине од Лондон, Дејвид Мојс ќе тргне во офанзива за напаѓачот на Бормут, Џошуа Кинг, кој беше и голема желба на „чекичарите“ во летниот трансфер период.

Се вчитува...