Ајакс тргна офанзивно од самиот почеток од полуфиналната пресметка со Тотенхем, а ваквиот пристап им донесе на холандските фудбалери и водство од 0-1.
Ван де Бек, кој е специјалист за постигнување на голови на гостински терен во ЛШ, повторно се најде на вистинското место, избегна офсајд и најпрвин со финта го „легна“ Љорис пред да ја смести топката во мрежата.
Заслужена предност за холандскиот гигант против Тотенхем, кој ќе мора да игра многу подобро ако сака да избегне пораз на оваа средба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА