Челниците на Ајнтрахт Франкфурт ја завршија потрагата по нов тренер што ќе го наследи Нико Ковач на клупата. Иако најавите беа дека на местото на Ковач ќе седне неговиот сонародник Славен Билиќ, сепка, во последен момент се случи пресврт во преговорите и довербата ја доби австрискиот тренер Ади Хутер.
Австриецот со Ајнтрахт потпиша договор до 2021 година. Последниот ангажман на Хутер беше на клупата на Јанг Бојс со кој ја освои шампионската титула, прва по 1986 година.
Во својата кариера, Хутер ги предводеше и австриските тимови Салзбург, Алтах и Гродиг.
Нико Ковач последен пат ќе го предводи Ајнтрахт во финалето од Купот на Германија, а потоа се простува од клубот и се сели на клупата на Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА