Ајзеа Томас се договори со Денвер

Ајзеа Томас по одличната сезона во Бостон минатото лето беше трејдован во Кливленд. Се претпоставуваше дека плејмејкерот ќе биде од голема помош на Леброн Џејмс во Кливленд, но неговата авантура во тој клуб не помина славно па изминатава зима се пресели во ЛА Лејкерс.

Сега, пак, Лејкерси се одлучија да не му ја продолжат соработката, интересно откако Леброн стигна кај „езерџиите“, па Томас мораше да си бара нова екипа.

Иако се шпекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во Орландо, сепак последните информации се дека Томас веќе договорил, како слободен кошаркар, едногодишна соработка со Денвер нагетс.

На тој начин, Ајзеа Томас повторно ќе се приклучи на тренерот Мајкл Малоуни со кого соработуваше претходно во Сакраменто.

Се вчитува...