АК Делта победник на атлетскиот Куп на Македонија за сениори (ФОТО)

Атлетскиот клуб Делта од Скопје е победник во екипна конкуренција на Купот на Македонија за сениорски кој изминатиот викенд под специјален протокол и почитување на мерките за справување со Ковид-19 се одржа на националната арена „Тодор Проески“.

АК Делта до првото место стигна со вкупно освоени 68 поени, пред АК Куманово со 50 поени, и АК Охрид со освоени 43 поени.

Во машка конкуренција, пак, најуспешен беше АК Студенти пред АК Охрид и АК Делта, додека кај девојките триумфираше АК Делта со 41 поен, пред АК Куманово и АК Работнички.

КОМПЛЕТНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД СЕНИОРСКИОТ АТЛЕТСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Се вчитува...