Академија Пандев го заврши својот настап годинава во Конференциската лига на УЕФА откако во 1. коло во двомечот против Лехија Гдањск забележа два порази.
По воведниот минатиот четврток во Полска од 1-4, овојпат „пандевци“ загубија со 1-2 на домашен терен на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Со овој пораз тимот од Струмица е единствениот наш претставник кој годинава уште на самиот старт го заврши настапот во Европа и не успеа ниту да ги дочека годишните одмори во натпреварувањата на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА